Тортевски се закани дека ќе ја напушти дебатата на МРТ, но сепак не доби извинување од Шилегов

by fokus

Жестока дебата меѓу меѓу сите кандидати за градоначалници за Скопје се води на МРТ. Во еден момент Александар Тортевски стана и рече дека ќе ја напушти дебатата, доколку Петре Шилегов не му се извини.

Шилегов претходно по излагања на Тортевски и Петар Георгиевски Камиказа рече дека замолува „да не се прават шибицерски финти“.

Тортевски сепак не доби извинување, а седна на своето место откако Шилегов рече дека не знае зошто Тортевски се пронашол во неговите зборови да нема шибицерски финти на дебатата.

Поврзани новости