ОЈО поведе постапка за изборен поткуп

by fokus

Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривичното дело „поткуп при избори и гласање“. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот.

Осомничениот, како што наведуваат од Јавното обвинителство, на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот.

– Осомничениот е задржан во полициска станица. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по три илјади денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот, се вели во соопштението.

Поврзани новости