956
Жестока дебата меѓу меѓу сите кандидати за градоначалници за Скопје се води на МРТ. Во еден момент Александар Тортевски стана и рече дека ќе ја напушти дебатата, доколку Петре Шилегов не му се извини.
Шилегов претходно по излагања на Тортевски и Петар Георгиевски Камиказа рече дека замолува „да не се прават шибицерски финти“.
Тортевски сепак не доби извинување, а седна на своето место откако Шилегов рече дека не знае зошто Тортевски се пронашол во неговите зборови да нема шибицерски финти на дебатата.