Правото и правната држава е нашата црвена линија и за тоа нема отстапка, рече адвокатот Александар Тортевски за време на првиот состанок на Иницијативниот одбор на Твоја партија,која во следниот период ќе утврди платформа,статут и модел на организација.
-Македонија да ја направиме пристојно место за живеење, тоа е голема задача, можеби и невозможна, но не се откажуваме.Веќе 30 години имам ангажман во таа насока и тешко ни оди,но не се откажуваме, рече Тортевски.
Тој додаде дека приоритети на новата партија ќе бидат екологијата и економијата.
-Заеднички именител за сите проблеми ни е сиромаштијата.Лошо ги дистрибуираме и оние малку пари што ги имаме.Не може пари да има за одреден сегмент а деца да лечиме со донации, истакна Тортевски.
Тој додаде дека ќе се обидат да го добијат најдобриот кадар во Македонија.
-Не ми требат лепачи на плакати, нити да се сликаме на билборди. Ќе се обидеме преку социјалните мрежи да влеземе во секој дом. Нема да примаме пари од донатори. Горд сум што со неколку разменети зборови со професорот Најчевска и ми се допадна ставот дека ни посочи под кои услови ќе влезе во партијата , рече Тортевски.