Најчевска: Политичарите не треба да добиваат втора шанса,еднаш корумпиран е засекогаш корумпиран

by fokus
Правна држава се спроведува со правила процедури и критериуми, што го немаме, изјави универзитетската професорка Мирјана Најчевска,која се обраќа на Иницијативниот одбор на Твоја партија.
-За мене секогаш најбитна била индивидуата, не етнчките, религиозните групи.Секој има свој индивидуален идентитет и има право да го менуваат-рече Најчевска.
Според неа,политичарите не треба да добиваат втора шанса, бидејќи,како што рече таа,еднаш корумпиран политичар ќе биде засекогаш корумпиран.
-Висината на патните трошоци на пратениците треба да бидат колку автобуски билет-порача Најчевска.
В.С.

 

Поврзани новости