898
Петмина адвокати се во игра за претседателското место во Адвокатската комора на Македонија откако му истече мандатот на Никола Додевски, кој често го застапуваше Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ во судските процеси.
Според кулоарите во трката за нов претседател на адвокатите ќе влезат Љубомир Михајловски-Џанго, Александар Тортевски, Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Звонко Давидовиќ. Додевски не е заинтересиран за нов четири годишен мандат.
Како најсериозен кандидат се спомнува Михајловски, кој е поранешен припадник на МВР, а беше и министер за внатрешни работи од СДСМ до 2006-та, пишува „Телма“. Изборот ќе се одржи во Струга