377
Адвокатот Александар Тортевски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека мора да се утврди точен мотив на секој од осомничените кои денеска беа приведени за настаните на 27 април, како и да се утврди точната квалификација за секој посебно.
-Одредени луѓе биле задолжени да обезбедат 3000 поддржувачи и со тоа да дадат призвук дека народот е револтиран. Не може 20 луѓе да влезат во Собрание и да тепаат. Тогаш полицијата би реагирала и би пукала. А, вака со обезбеден народен призвук, тоа е овозможено, рече Тортевски.