Торнадо во Италија и Словенија, на удар е и Хрватска

by Фокус

Ново невреме денеска го погоди италијанскиот регион Венето, а потоа ја зафати и Словенија, а во моментов на удар е и Хрватска.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како е снимен торнадо на италијанска и словенечка територија.

Според италијанските медиуми, помало невреме преминало во суперклеточна бура, а потоа се направил мезоциклон (вртлог на воздух) кој се трансформирал во торнадо.

По неколку часа, бурата ја зафатила и Словенија каде во еден од државата врнел дожд проследен со силен ветар, а во Илирска Бистрица било забележано и торнадо.

Доцна попладнево Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде предупредување и нивото на предупредување го крена во портокалова фаза за загребскиот и карловачкиот регион.

Тамошните медиуми јавуваат дека после 19 часот почнал да дува силен ветар во Загреб, а околу 21:30 започнале и обилен дожд и грмотевици.

Поврзани новости