До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде сончево и топло, попладне и кон крајот на денот со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, попладне и кон крајот на денот со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 28 степени.
Потоа и во следните денови нашата територија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево и топло, повремено со умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен правец.
Исто така денес и утре од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок со што и атмосферата ќе биде позаматена, а времето помачно и поспарно. Максималните дневни температури во текот на следните денови во најтоплите предели од државава се очекува да го надминат 30тиот степен.
Подготви: Славчо Попоски