Топол ден со температура до 28 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

 

Поврзани новости