422
И оваа сезона во Хрватска поскапе сладоледот.
Најевтината топка сладолед чини 70 центи, а најскапата 3,5 евра.
Слаткарниците во Сплит го наплаќаат и корнетот.
Производство на домашен сладолед, по италијански рецепт. Покрај сладолед, една од слаткарниците во Сплит прави и домашни корнети.
„Топката е 3,5 евра, а слаткиот корнет е 1,5 евра. Тоа сепак е малку претерано“, сметаат жителите на овој приморски град.
Сепак, за некои, сладоледот во Сплит е евтин.
„Поевтино е отколку во Англија. Хаха, а всушност многу поевтино отколку на други места во Хрватска“, велат Каролин и Рас од Англија.
И на други места на Јадранот ситуацијата е слична – просечната топка е од 2 до 3,5 евра.