793
Професорот од Природно математичкиот факултет, Живорад Томовски на својот фејсбук профил напиша дека гласа за ЕУ и НАТО иднина без криминал, непотизам и корупција.
„Во Франција, 3 години затвор за политичар што ќе вработи член од семејството. Спремни ли сме за вакви вредности господо или ќе си терате по старо? Не ги ценам тие што успеале со непотизам и секогаш се шалтаат на туѓ грб. Ги презирам тие што не знаат да ценат што е глад и како е да се успее со глад. Го презирам системот што ги форсира таквите снобови и што сака да гради европски вредности токму со такви снобови. Еднаш паразит-секогаш паразит. Нема Европа, нема иднина со такви снобови на власт – напиша Томовски.