Томовски говори за „паразити“, а добил 90.000 евра од плати и тендери, реагира СДСМ

by Фокус

Ивица Томовски, човекот што секој ден од белиот дворец, од симболот на криминалот и корупцијата, зборува за паразити и самиот е паразит на ВМРО-ДПМНЕ кој земал огромни пари од граѓаните во време на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

„Со потпис на Христијан Мицкоски, Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година. Само од плати Томовски добивал над 2 милиони денари или над 30.000 евра“, соопштија од СДСМ.

Од таму додаваат дека Томовски пред да биде избран од Мицкоски за Управител на ЕЛЕМ Турс добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории преку приватна фирма Сити логистик.

„Само од два тендери Томовски добил речиси 60.000 евра! И сега Томовски го нашол Мицкоски да зборува за паразити? Замислете кои лажговци и манипулатори се во ВМРО-ДПМНЕ“, реагираа од владејачката партија.

Поврзани новости