Како семејна фирма на Каевски наплатила над 300 илјади евра од државни институции, праша ВМРО

by Фокус

Дарко Каевски нека објасни како е можно да земаат плата функционери чии имиња не се ни знаат и никој не знае што сработиле, побара ВМРО-ДПМНЕ.

„Дарко Каевски е паразит, да објасни како на 30 години стекнал стан и 4.000.000 денари на сметка. Како со пратеничка плата се стекнуваат 62м2 стан и 4.000.000 денари на сметка, и тоа само со пратеничка плата и плата како директор на АМС за нецел мандат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека додека Каевски трупал имот, фирмата на неговиот татко, Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес.

-Тоа се над 315.000 евра. И сето ова се случува додека Каевски е директор во централната власт и пратеник во Собранието. Каевски и татко му се паразити на општество, кои немаат никаков придонес и треба да ги вратат парите“, истакнуваат од опозициската партија.

Поврзани новости