Адвокатот Тома Фила од Белград го коментираше случајот со исчезнатата двегодишна Данка Илиќ. Тој за српски „Мондо“ изјави дека верува оти српското МВР вложува максимални напори во потрагата по исчезнатата Данка Илиќ. Информацијата дека на имотот каде исчезна девојчето е пронајдена јама поврзана со локален рудник, остава доза на сомнеж, според адвокатот Фила.
„Не е тунел, туку канал за наводнување“, посочи Тома Фила и додаде дека доколку детето било таму немало да биде оддалечено повеќе од 500 метри или еден километар од местото на исчезнување.
Она што го загрижува адвокатот е можноста Данка Илиќ да е однесен преку границата со Србија.
– Родителите мора добро да се испитаат. Источна Србија е чудна, можеби и ја преминала границата со некого, ако некој ја киднапирал. Има секаков криминал – вели Фила.
Тој изразува сомнеж околу пронаоѓањето на девојчето.
-Не верувам дека некогаш ќе ја најдат, бидејќи ако не ја најдат веднаш, жива или не дај боже мртва, тогаш се личи на трговија со деца – заклучува Фила.