Прегазена 64-годишна жена во центарот на Скопје

by Fokus

МВР информира дека вчера во 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ј.К.(38) од с. Марино, општина Илинден, удрило во пешакот М.Г.(64) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости