578
Лилјана Тодоровска потписничката и идејниот автор на социјалниот проект за европски центар за возрасни, пласирана преку невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, на крајот на 2017-та на сметка добила и подигнала 720 илјади евра и плус персонален данок.
Таа за Телма вели дека 720-те илјади евра ѝ биле земени уште во банка од претставнциите на Меѓународниот сојуз на Боки 13, кои ја туркале во инвалидска количка која ја употребувала затоа што преживеала сообраќајна несреќа.
-Ограбена сум. Мене парите веднаш ми се земени од луѓето кои беа со мене во банка. Веднаш потоа ми беа земени парите, рече Тодоровска во телефонски разговор за ТВ Телма.