Тодоровска обвинета за дискриминација поради негативна рецензија на Влахов Мицов

by Фокус

Катерина Тодороска, редовен професор и научен советник во Институт за национална историја при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, е прва која била прогласена од Комисијата за заштита од дискриминација дека извршила тежок облик на дискриминација поради негативна рецензија за трудовите на Стефан Влахов Мицов.

-Јас сум прогласена за дискриминатор само затоа што сум дала негативна рецензија за трдовите на човек кој треба да биде избран во највисоко научно звање, а тој во неговите трудови нема оригиналност со која ќе ја унапреди историската наука, нема ниту еден архивски документ со кој би се спротивставил на објванета литература, туку само прераскажување – вели Тодоровска за Фокус.

Таа одлучила да го објави решението од антидискриминаторската комисија откако се консултирала со правници кои и предочиле оти во него нема никаква образлжение на кој начин и по кој основ (политички, расен, национален) нејзиното убедување како член на рецензентска комисија го дискриминарала Влахов Мицов.

Професорката Тодоровска неодамна се огласи и преку интервју за Фокус, во кое изјави дека Влахов Мицов, кој е дел од Граѓанското движење за одбрана на Македонија, бил форсиран од владејачки кругови да напредува во науката надвор од пропишаните критериуми, но тој ги демантираше таквите тврдења.

Поврзани новости