Тодоров: Во иднина не би можеле да дојдеме до подобар договор со Грција

by fokus

Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека Македонија во иднина нема да може да дојде до подобар договор со Грција, бидејќи никој нема да се откаже од стекнатите позиции во преговорите.

-Секогаш би ми било јасно дека ако има договор со Грција тој повеќе би бил во корист на Грција, поради нивото на сила и нивната позиција. Ова е тешко прашање, сите влади пробувале да најдат решение, оваа влада најде некакво решение, според мене не е добро. Дали би можеле  во иднина да имаме подобар договор? Не. Во минатото можеби сме можеле, но во иднина не. Затоа што никој нема да се откаже во позициите кои ги стекна во преговорите. Ниту Македонија ќе се откаже од македонскиот јазик и македонското државјанство, ниту Грција ќе се откаже од егра омнес, рече Тодоров.

Поврзани новости