Тодоров: Да не си му во кожа на Мицкоски, видете што мене ми се случува што кажав ваков став

by fokus

Поранешниот министер Никола Тодоров во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека ги чита големиот број на негативни коментари на неговиот Фејбук профил од членови на ВМРО-ДПМНЕ кои дури и му се закануваат бидејќи кажал став дека ќе излезе на референдумот (и ќе го поништи гласачкото ливче).

-Не се плашам за својот живот, но коментарите ме погодуваат, особено што дел од нив ги познавам. И затоа што ова не го правам да го предадам ВМРО-ДПМНЕ, никогаш и под никои услови не би го предал ВМРО-ДПМНЕ. Да не си им во кожа на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски, видете мене што ми се случува затоа што кажав ваков став. Замислите ВМРО-ДПМНЕ да излезеше со таков став. Денеска е најлесно да бидеш за бојкот. И мене ќе ми беше полесно и ќе имав многу поголема поддршка од членовите, рече Тодоров.

Поврзани новости