668
Некогашниот министер за здравство, Никола Тодоров, во денешното гостување на ТВ 24 говореше за состојбата со корона вирусот во Северна Македонија, но се осврна и на политичките состојби во земјава.
„Јас сметам дека сега треба порестриктивни мерки, за да платиме помала цена. Подобро е сега да платиме помала цена, отколку поголема во иднина. Затоа што во еден момент здравствените работници ќе речат „не можеме повеќе“. И тука ќе настане проблемот. Мора рестрикции што поскоро“, смета Тодоров.