Тодоров: Не постои никаква студентка во Итната медицинска помош

by fokus

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска одби да коментира за скандалот што го објави НОВА, а кој открива дека студентката без диплома, пет месеци работела како докторка во Брза помош.

Запрашан дали ќе си поднесе оставка, Тодоров само кратко одговори на заминување: „Брзам морам да одам на друго место. Не постои никаква студентка по медицина“.

Инаку, податоците и документите до кои дојде НОВА покажуваат дека студентката без лиценца и положен државен испит пет месеци работела како лекарка, односно прегледувала, им давала терапија на пациентите, а работела и во возило на итни повици.

Од Нова и се јавија и на „докторката“, а таа призна дека веќе пет месеци работи без диплома и лиценца.

Поврзани новости