Тодоров: Мицкоски му носи малер на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров му порачува на Христијан Мицкоски дека доколку не успее да формира Влада, тоа ќе значи уште еден пораз за актуелното раководство и во таков случај, треба веднаш да се случи мирна и демократска промена на раководството.

„Смислата на спортот а и на политиката, не е само да учествуваш, туку да и победуваш. Она, ‘важно е да се учествува’ е обична утеха и изговор за лузерите. Ништо повеќе,“ пишува Тодоров во најновата колумна објавена на Дојче Веле.

Тој оценува дека Мицкоски и носи лоша среќа на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи откако станал висок партиски функционер, партијата никако да го почуствува задоволството од победа.

„И јас, но и многу мој искрени сопартијци имаме чувство како актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ да и носи малер на партијата. Стана ГенСек на партијата и прв пат после 12 години загубивме. Беше носител на листа на советници за град Скопје во 2017 година и загубивме катастрофално. Стана претседател на партијата и повторно загубивме, овој пат на претседателските избори. Со истиот тој претседател, овој пат како шпицен кандидат (кандидат за премиер) изгубивме на најважните избори, на парламентарните избори. За разлика од нас останатите, овие луѓе од актуелното раководство како да се научени да губат. Единствената победа која актуелниот претседател ја има остварено е победата на партискиот конгрес во Валандово кога се бореше и победи против замислен противник. Можеби и затоа е чувството како човеков да и носи малер на партијата, како да има нешто во неговиот менталитет што постојано води кон пораз. Од победничка, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори во губитничка партија. Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ губи во низа и секогаш за поразот сé некој друг им е виновен, пишува Тодоров.

Целата колумна на Никола Тодоров за Дојче Веле може да ја прочитате на овој линк.

 

 

 

 

Поврзани новости