Министерот за здравство Никола Тодоров се пофали дека казните имале влијание вре лекарите во „Мој термин“ да се појавуваат на време на закажаните прегледи, а исто така се намалил и бројот на граѓаните кои не доаѓале на прегледите. Лекарите беа казнувани со усни опомени или со намалување на плата.
– Според најновите податоци, дури 42 проценти е намалувањето кај нереализираните закажани прегледи. Кажано во бројки, во октомври имало 45.000, а месец подоцна само 26.370 одложени термини поради недоаѓање на пациент.Во претходниот период дури 162 лекари не дошле на „Мој термин“, а сега само 24, бројка која само по себе многу кажува. Податоците открија дека лекарка од „8 Септември“ и нејзин колега од Клиниката за урологија најмалку три пати не дошле на „Мој термин“, па известени се тамошните раководители да преземат соодветни мерки – истакна Тодоров.