440
Светскиот македонски конгрес ќе организира мирен протест пред Министерството за внатрешни работи што ќе се одржи денеска во 13 часот.
„СМК од протестот ќе упати барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на Крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела. СМК, исто така, апелира до Министерството за внатрешни работи да ја отстрани блокадата од група Албанци предводени од дел на раководството на ДУИ на кружниот тек кон Градските гробишта и да обезбеди нормален сообраќај за верниците кои одат на гробовите за големиот христијански празникЗадушница“, напиша Тодор Петров на Фејбук.