СДСМ: Гошева и Јосифовски да си поднесат оставка

by Фокус

Во пресрет на протестот пред Уставен суд, опозицискиот СДСМ уште еднаш повика судиите Гошева и Јосифовски да си поднесат оставки затоа што имаат конфликт на интереси.

-Ќерката на Елена Гошева, Слободанка, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, каде  главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијаков, Жарко Луковски. Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС. Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата. Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.  За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година. Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Да имаа Елена Гошева и Јован Јосифовски морален, личен и професионален интегритет самите ќе поднесеа оставки или ќе се иземеа од одлучување, истакнува опозицијата.

Поврзани новости