533
Локалните власти на Ерусалим денеска забранија пристап до дел од „Ѕидот на плачот“. Причина за тоа е одронот на камен тежок 100 килограми.
– Камен тежок 100 килограми падна на плочникот, без да повреди никого, изјави градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат.
Каменот се одронил на плочникот каде вообичаено стојат еврејските верници кои се молат пред „Ѕидот“.