Три лица се истепале во угостителски објект во Ресен

by fokus

Физичка пресметка помеѓу три лица се случила во угоститески објект во Ресен, при што истата била пријавена во Полициската станица Ресен, пренесуваат од МВР.

„На 21.07.2018 година околу 01,45 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата С.С.(40) Т.Т.(38) и С.С.(31). По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци“, додаваат од МВР.

Поврзани новости