Тоа е само здебелена црна мачка, тврди началник од српската инспекција за заштита на животна средина

by fokus

Според мое мислење ниту една од приказните за црниот пантер не е точна. Засега нема доказ поради кој ќе го сменам мислењето. Насекаде баравме и го нема, мислам дека тоа е домашна црна мачка која се здебелила. Сепак, се уште сме подготвени на се и бројот на луѓе на теренот е зголемен – за српски Телеграф изјави Немања Ивановиќ, началник на Покраинската инспекција за заштита на животната средина.

Потрагата по црниот пантер во Србија започна на 12-ти ноември, откако повеќе локални жители објавија видео снимки на кои се гледа дивото животно.

Претпоставка на властите е дека се работи за истиот пантер кој лани во декември во повеќе наврати бил забележан во Унгарија.

Последните снимки од него се од пред три дена, во околината на Фекетиќ. Моментално во Србија голем број на екипи трагаат по пантерот. Се користат дронови со термовизиски камери, вклучена е полицијата, ловочувари од ,,Војводина шума” и вработени од ,,Вода Војводина”.

Поради можноста предаторот да стигне и во Македонија, бидејќи се движи кон југ, вчера за ,,Фокус” од Центар за управување со кризи изјавија дека имаат оперативен план, односно стратегија со која би се заловило животното.

Вики Клинчарова

Поврзани новости