ТНТ: Поранешниот премиер го срушил „Космос“ како одмазда

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство денеска го презентираше новиот случај „ТНТ“ кој го истражува противзаконското рушење на зградата „Космос“ сопственост на бизнисменот и политичар Фијат Цановски.

Обвинителката Фатиме Фетаи посочи дека ова е класичен пример на постоењето на криминална спрега помеѓу централната и локалната власт, во кој учествувале поранешен премиер, поранешен министер за транспорт и врски, градночалник на општината Гази Баба, кои се аболицирани со одлуката на претседателот Иванов.

Според Специјалното обвинителство, поранешниот премиер и поранешниот министер за транспорт и врски сакале да му се одмаздат на Фијат Цановски, заради неговото напуштање на тогашната владина коалиција. За спроведување на одмаздата им помагал градоначалникот на општина Гази Баба со набавување на експлозив за рушење без тендерска постапка.

 

Поврзани новости