Тлото не се смирува, попладнево нов силен земјотрес во Хрватска

by Fokus

Тлото кај Петриња не се смирува. Попладнево регистриран е нов силен земјотрес.

Според првични информации на ЕМСЦ, земјотре со јачина од 4,1 степен по рихтер регистриран е во 12 часот и 58 минути со епицентар кај Петриња.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

По серијата земјотреси, се уште жителите на Петриња живеат тешко и во импровизирани куќи или пак куќарки обезбедени од државата.

Во тек е и пописот на штети кои ги предизвикаа серијата на земјотреси.

Денеска врнежите од снег пак прават дополнителни проблеми.

Поврзани новости