545
Повторно силен земјотрес овојпат со интензитет од 6,2 по Рихтер го погоди индонезискиот остров Ломбок.
Земјотресот бил на длабочина од 12 км и епицентар во североисточниот дел од островот. Тоа е трет силен потрес во Ломбок за нешто повеќе од една недела.
Во претходниот потрес загинаа најмалку 130 луѓе, десетици илјади се без покрив.