657
Поголема група момчиња, од кои најголем дел биле тинејџери, успеале да го симнат македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово и на него закачиле албанско знаме.
Полицијата ја забележала групата и веднаш интервенирала, но според очевидците тие биле нападнати, па откако викнале засилување, успеале да приведат двајца, а останатите избегале.
Политичките партии го осудија настанот. Од СДСМ го оценија како провокација и подгревање на меѓуетнички тензии, а од ВМРО-ДПМНЕ пак, побараа најстроги санкции за „ газењето врз македонското национално достоинство”.