Меѓу осум и десет лица се убиени денеска при напад во средно училиште во градот Санта Фе во американската сојузна држава Тексас, јави Би-Би-Си.
Локалниот полициски шериф Ед Гонзалес соопшти дека „најголемиот број од убиените“ се ученици,
– Станува збор со инцидент со повеќе жртви, но конечниот број на загинати се уште не е познат, нагласи Гозналес.
Локалните власти во Санта Фе преходно соопштија дека „има ранети лица при инцидент со активен стелец“, што се случил по почетокот на наставата во училиштето.
При нападот се ранети најмалку 12 лица, меѓу кои и еден полицаец, кои се пренесени в болница.
Заменик-директорот на училиштето Крис Ричарсон изјави дека полицијата го уапсила „осомничениот за пукотниците“, додека Гонзалес информира дека е приведено и уште едно лице. Двајцата приведен најверојатно се ученици.
Полицијата информира и дека околу училиштето биле пронајдени сомнителни направи, за кои се претпоставува дека се експлозиавни. Во тек е операција на специјалните полициски тимови за нивно отстранување.
Нема информации колку направи се пронајдени, а полицијата апелираше до граѓаните да пријават доколку забележат сомнителни предмети.
Си-Би-Ес, повикувајќи се на изјави на очевидци, јави дека нападот го извршил тинејџер облечен во црно вооружен со сачмарка со скратена цевка.