Османи: Европа е нашиот идентитет и наша заедничка вредност

by fokus

Европа не е само форма туку идеја. Европа е нашиот идентитет и наша заедничка вредност којашто нѐ обединува, порача вицепремиерот Бујар Османи на  трибината „Млади МК-ЕУ, можности без граници“ во Струга.

-Од вчера сликата за Европа на Македонија нѝ е многу блиска. Не само заради тоа што 28 лидери ставија печат на поддршка на влезот на Македонија во ЕУ, туку затоа што ние имаме заеднички вредности со ЕУ, патот кон Европа не е само техничко штиклирање во документ, туку вредност, рече Османи.

Тој додаде дека ефектите од членството во ЕУ директно ќе влијаат на подобрување на животниот стандард на сите граѓани, а посебно на младите.

Поврзани новости