Тинејџер се разнесе во зградата на Федерална служба на безбедност во Русија

by fokus

Експлозивната направа која денеска експлодира во седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Архангелск, северна Русија, била внесена во зградата од 17-годишен локален жител, кој загинал откако ја активирал, соопшти полицијата.

Според прелиминарните податоци, тинејџерот користел рачно изработена експлозивна направа. Неговиот идентитет  е утврден, се наведува во соопштението, во кое нема детали за сторителот.

Тројца вработени од локалната канцеларија на ФСБ беа повредени во експлозијата. На местото работат истражители и криминалисти, кои ги распрашуваат сведоците и собираат материјал за експертиза

Формирано е кривично дело за терористички напад и незаконско носење на оружје.

Случајот ќе биде под истрага од централниот апарат на Истражниот комитет во Москва, кој ќе го истражуваат кругот на познати на момчето и неговите евентуални мотиви, изјави портпаролката на федералната истрага Светлана Петренко. 

Поврзани новости