380
Тимот на БИРН со проектот „Скопје 2014 под лупа“ ја доби наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија, која денеска ја додели Македонскиот институт за медиуми.
Во рамки на ова 8-месечно истражување, собрана е голема база на податоци за спомениците, фасадите, скулптурите и објектите од овој проект, добиени според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од веб-страницата за јавни набавки, ревизорскиот извештај за „Скопје 2014“ итн.
Втората награда, пак, падна во рацете на новинарката од Телма Билјана Николовска за документарниот филм „Како здравствениот систем убива дете“, додека третата награда ја поделија неколку новинари за серијата текстови поврзани со аферата „Македонски Телеком“.