660
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.
Како што информираат од ЦУК, на средбата бил претставен тимот од Шумската служба на САД, којшто како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари во наредните две недели ќе пружи поддршка на субјектите и на ЦУК на стратешко и тактичко ниво.
Од ЦУК потенцираат дека амбасадорката Брнз остварила и средба со членовите на Главниот штаб за управување со кризи, којшто е во постојано заседавање, при што била информирана и за актуелната состојба и справувањето со пожарите.