Единицата за специјални задачи „Тигар“ освои прво место натпреварувајќи се со 40 тимови од различни земји, на меѓународниот натпревар на специјални единици -KASOTC, во дисциплината TOP SHOT. Натпреварот се одржал во главниот град на Јордан, Аман.
-Во период од 14 до 20 април, во главниот град на Јордан, Аман, припадници на Единицата за специјални задачи Тигар, учествуваат на 11 меѓународен натпревар на специјални единици – KASOTC. Натпреварот се спроведува во 5 дисциплини во текот на 5 дена, со учество на тимови од 40 земји од светот. Во една од најсложените дисциплини TOP SHOT, која се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање), тимот од ЕСЗ го освои првото место, велат од МВР.