Зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари за сите гранки резултираше за со тоа просечната плата во земјава за прв пат да надмине 24.000 денари, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
-Во минатото постоеа две нивоа на минимална плата – за индустриите за текстил, облека и кожа од 9 000 денари, а за сите други 10.080 денари. Сега минималната плата е 12.000 денари и важи за сите, бидејќи сите граѓани и работници подеднакво заслужуваат достоен живот. Над 90.000 граѓани со низок доход примаат повисока плата благодарение на оваа мерка. Ние силно веруваме дека спиралата на платите ќе продолжи во иднина и дека платите ќе растат – рече Тевдовски.
Тој презентираше податоци дека во кожарството има раст на просечната плата од 2.171 денар, или 19 отсто, во производството на облека растот на просечната плата е 2.069 денари или 16 отсто, а во текстилната индустрија платата расте за 24 отсто, односно за 3.870 денари.