510
Министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска, пред седницата на собраниската комисија за финансирање и буџет на која се расправа по Предлог-Буџетот за 2018 година, ги почести со мекици пратениците и новинарите.
Неговата сопруга Анита се породила пред неколку дена, со царски рез, две недели порано, но тој вели дека таа и бебето се чувствуваат добро.
,,Се помина во најдобар ред, малата има 3.100 грама. Сега ќе ги донесам и постарите ќеркички Ема и Каја да ја видат сестричката, која со нетрпение ја очекуваа. За името се уште не сме одлучиле, секако и сестричките ќе помогнат во изборот’’ – тврдеше пред неколку денови пресреќниот татко.
Фото: СДК.МК