Трет обид да почне судењето за набавката на 300 полициски возила, со што беше оштетен буџетот за 460 илјади евра

by Fokus

За денеска на пладне во Кривичниот суд е закажано ново рочиште за случајот „Триста“. Ова е трет обид да почне судењето за овој предмет, во кој е обвинет поранешниот помошник министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски.

Претходните две рочишта беа одложени бидејќи Поповски преку своите адвокати достави медицинска документација дека има отворено боледување.

Тој се сомничи за злоупотреба на службената положба за набавка на 300 полициски возила, со што го оштетил буџетот за 453.570 евра.

Поврзани новости