Теута, Бејта и Дехари сакаат уште еден градоначалнички мандат, Меџити се повлекува?

by Фокус

Градоначалниците на Тетово, Гостивар и Кичево – Теута Арифи, Невзат Бејта и Фатмир Дехари, најверојатно повторно ќе бидат кандидат за градоначалници на ДУИ на следните локални избори, додека Изет Меџити нема амбиција да се натпреварува за уште еден мандат за градоначалник на Чаир, велат за Фокус партиски избори од партијата.

Веднаш откако јавно се заложи неговата партија да ја почитува волјата за промени изразена на последните парламентарни избори, односно ДУИ да формира влада со СДСМ, гостиварскиот огранок на „интегративците“ единствено одлучи да го номинира Бејта за уште еден мандат за прв човек на Гостивар.

Засега, другите локални ограноци не предложиле градоначалнички кандидати, но партиски извори велат дека Арифи и Дехари имаат амбиции да се натпреваруваат за втор мандат во Тетово и Кичево, па се очекува Централното претседателство на партијата во следниот период да ги верификува нивните кандидатури од страна на локалните ограноци.

Ако градоначалникот на Кичево нема сериозна конкуренција во Кичево, слично како Бејта во Гостивар, тогаш од тетовскиот регион можни се неколку конкурентни предлози, бидејќи во тетовското крило на партијата подолго време се диференцираат неколку посебни струи предводени од влијателни партиски функционери од Тетово и тетовско.

По 3 мандати градоначалник на Чаир, пак, нашите сознанија говорат дека Меџити засега цврсто опстојува на ставот да не влезе во уште една градоначалничка трка, делумно поради заситеност, но делумно и поради лошиот изборен резултат на ДУИ на парламентарните избори во оваа општина, откако тој се дистанцираше од изборниот штаб на партијата поради недоразбирања првите луѓе на партискито огранок во Чаир.

Како можен кандидат на „интергративците“ за градоначалник на Чаир се споменуваат партискиот портпарол и поранешен министер за здравство Бујар Османи, чија главна предност е поддршката што ја има лидерот Али Ахмети, како и поранешниот министер за економија Беким Незири, кој, пак, може да смета на поддршката од првиот човек на чаирскиот огранок Бекир Асани.

Османи остана недостапен за прашањата на Фокус во која фаза е внатрепартиската за селекција на кандидати за градоначалници и советници и кога може да се очекуваат конечните одлуки, доколку, се разбира, избори за локалната власт се оддржат во редовниот термин во мај, за што основен предуслов да се доконституира собранието со избор на претседател, кој треба да ги распише изборите.

В.С.

Поврзани новости