411
Иако, до последен момент се шпекулираше дека потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи ќе биде дел од новиот владин состав, сепак таа останува повторно да се бори на локалните избори за градоначалничкото место.
– Ова ќе бидат новите реформски министри кои ќе ги спроведуваат потребните реформи. Нема да бидам дел од новата влада и повторно ќе се кандидирам за градоначалничка на Тетово, затоа што сакам да ги решам проблемите на Тетовци – истакна Арифи.