Ахмети: Планираме да истераме цел четиригодишен мандат

by Fokus 01:48
01:48

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на партискиот состанок рече дека е задоволен со предлозите за новите министри. Според него, мандатот на министрите ќе биде четири години без разлика дали тие некому ќе му се допаднат или не.

– Меџити не побара да биде во владиниот кабинет. Доколку не и се допаѓа на „Беса„ нашиот избор, може и да гласаат против. Имаме четиригодишен мандат и планираме да го истераме докрај. Министерството за здравство и министерството за локална самоуправа му припаѓа на нашиот коалиционен партнер, на Алијансата за Aлбанците. Секоја влада има 4-годишен мандат и јас мислам дека ќе биде еден тежок мандат, но со добар крај – истакна Ахмети.

- Advertisements -

Поврзани новости