336
Во текот на ноќта во Тетово биле измерени 798 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, што е 17 пати над дозолената концентрација на ПМ10 честички. Во Лисиче биле измерени 559 микрограми, во Центар 384, а во Карпош 350 микрограми.
Мерните станици утрово измериле намалена концентрација на ПМ10 честички, па така во Тетово имало 190 микрограми, во Битола 106, во Центар 75, Карпош 69, Гази Баба 60 и Лисиче 57 микрограми на метар кубен.