Тетово оди на избори, Владата го распушти Советот

by fokus

Владата со пречекорување на рокот, одлучи да го распушти општинскиот совет во Тетово, објави телевизија Алсат. Ваквата одлука доаѓа по барањето од локалната самоуправа, откако во Советот не беше одобрена завршната сметка до 31 март како што е предвидено со Законот за локална самоуправа.

Според Законот, Владата требаше да ја донесе ваквата одлука најдоцна до 6 јуни. Денот за нови избори на општинскиот совет сега треба да го одреди првиот човек на Собранието.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами вели дека изборите треба да се закажат што поскоро, за да не заостануваат проектите за тетовци.

-Првично оценувам дека е доцна, но луѓето велат дека е подобро доцна отколку никогаш, бидејќи долго време, односно повеќе од еден месец, Советот на општината и општината се заглавени во ситуацијата во која се наоѓаме. Оценуваме дека изборите треба да бидат што поскоро за општина Тетово да биде функционална со сите нејзини органи и институции, овде, со оглед на тежината на советот во локалната власт, оценуваме дека изборите треба да се одржат што поскоро во рамките на законот, за да имаме совет кој ќе биде во служба на политиките кои ќе бидат во интерес на граѓаните на општина Тетово, рече Касами.

Поврзани новости