Полицијата привела две жени во Гостивар од кои едната се сомничи дека лажела граѓани дека ќе им обезбеди работни визи за Германија.
Станува збор за 41-годишна тетовка, која престојувала кај 26-годишна девојка во гостиварско Србиново.
„Тетовката, која во Гостивар престојувала кај Ф.Б. (втората приведена), е осомничена дека минатата и оваа година на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје извршила над пет измами, лажно ветувајќи им на измамените дека ќе им обезбеди работни визи за Германија, за што им побарала и добила одреден паричен надоместок“, соопштија од МВР.
И таа и девојката кај која престојувала во Гостивар се задржани во полициска станица за целосно расчистување на случајот, а потоа од МВР најавуваат дека ќе поднесат критична пријава против тетовката за делото измама.