Тетовецот кој вчера ја уби својата сопруга денеска пред судија на претходна постапка

by fokus

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против 53-годишниот А.К. од тетовска Мала Речица, поради основи на сомнение дека сторил три кривични дела: „убиство“ , „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

„Осомничениот А.К. делата ги извршил на 14 октомври 2018 година во периодот од 22 до 23 часот во Мала Речица, со пиштол што го поседувал без дозвола, а со кој ја убил неговата сопруга Х.К.( 52 ) и се обидел да го убие Р.Џ.( 50 ) од Мала Речица“, велат од полицијата.

Од таму додаваат дека педесет и тригодишниот А.К. денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Поврзани новости