361
Триесет и седумгодишен тетовец почина пред полетување со авион на скопскиот аеродром, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 14,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека починал Д.М.(37) од с.Фалише-тетовско кој тебало да патува за Базел со летот во 13,20 часот од Аеродром “Скопје“ за Базел. Од лекар од медицинската екипа од Аеродром „Скопје“ била констатирана смрт.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.